Џејмс Маршал "Џими" Хендрикс (27 ноември 1942 година, Сиетл, САД – 18 септември 1970 година, Лондон,Британија) е американски гитарист, композитор и пејач на рок и блуз музика, кој извршил огромно влијание врз развојот на рок музиката. Денес, кај рок критичарите постои консензус дека тој е најголемиот гитарист во историјата на рок музиката[1][2][3] и еден од највлијателните музичари на неговото време во различни жанрови.[4][5][6]
Хендрикс ќе остане забележан и како еден од најголемите иноватори во свирењето на електричната гитара. Така, тој претпочитал употреба на засилувачи со високо ниво на гласност и висока фреквенција со што помогнал во распространувањето на претходно неприфатената техника на ехото од гитарскиот засилувач.[7] Исто така, Хендрикс е заслужен за широката употреба на вах-вах педалата во рок музиката, која често ја користел во неговите соло изведби, особено со силно истегнување на жиците, сложено свирење гитара и употреба на легато. Како продуцент, Хендрикс ги поставил и темелите за користење на студиото за снимање како можност за проширување на неговите музички идеи. Бил меѓу првите кои експериментирале со стереофонични ефекти со промена на фази за снимање рок музика.
На Хендрикс влијаеле блуз изведувачи, како што се Би Би Кинг, Мади Вотерс (Muddy Waters), Хаулин Вулф (Howlin' Wolf), Алберт Кинг и Елмор Џејмс,[8][9][10][11] ритам и блуз и соул гитаристите Куртис Мејфилд и Стив Кропер, како и џез гитаристот Вес Монтгомери. Додека свирел и снимал со неговиот бенд од 1. март 1964 година до пролетта во 1965 година, Хендрикс (кој тогаш бил познат како „Морис Џејмс“) почнал да се облекува и да пушта мустаќи како Литл Ричард.[12][13][14] Во 1966 година, Хендрикс изјавил: „Сакам со мојата гитара да го правам истото што го прави Литл Ричард со неговиот глас
No comments:
Post a Comment